Вебер: Оската Макрон-Орбан ги поништи изборните резултати

809

Манфред Вебер, водечкиот кандидат на Европската народна партија (ЕПП) кој, меѓутоа, не беше номиниран за шеф на Европската комисија, ја обвини оската „Макрон-Орбан“ дека ги поништила резултатите од европските избори.

Францускиот претседател Емануел Макрон и унгарскиот премиер Виктор Орбан беа против именувањето на Вебер, по што за претседателка на Европската комисија беше предложена германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен.

Според него, имало задкулисни разговори и ноќни седници на кои се наметнала оската Макрон-Орбан.

– Многу сум разочаран, јасно е. Како политичар, знам дека можам да добијам или загубам избори. Но не очекував Емануел Макрон и Виктор Орбан да избришат изборни резултати – рече Вебер.

Тој додаде и дека именувањето на Урсула фон дер Лајен изненадило многумина во Европарламентот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...