И годинава, од 12-ти до 14-ти јули, по 46-ти пат, на падините на планината Бистра, во живописниот Галичник, ќе се одржи традиционалната културно-сценска манифестација Галичка свадба.
Во центарот на вниманието и на годинешната најпозната македонска свадба ќе бидат галичката невеста Марина Петровска и младоженецот Огнен Караѓозовски, кој по потекло е од Галичник.
Од витално значење за организирањето и одржувањето на атрактивноста на оваа автентична манифестација е поддршката што ја обезбедуваат големиот број нејзини партнери и помагатели.
Еден од нив е компанијата „Пивара Скопје“, која е партнер на манифестацијата од нејзините почетоци и која, и оваа година, покрај финансиска поддршка, обезбеди и соодветна количина пијалаци од своето портфолио за сите учесници во свадбeната церемонија.
– Горди сме што веќе 46 години во континуитет сме неизоставен дел од оваа уникатна манифестација која е огледало на нашата богата традиција и културно наследство. Им честитам на младенците и во оваа пригода би сакал да наздравиме за нивната љубов, среќа и бериќет, како и за пријателството и заедништвото кои нѐ поврзуваат и зближуваат – вели Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во „Пивара Скопје“.
Покровител на годинешната Галичка свадба е Претседателот Стево Пендаровски.