РТС и Пинк цензурираа гостин на сред давање изјава за споменување на Горан Весиќ во негативен контекст

1046

„Подготвивме голем број на погодности за нашите посетители, базенот добро функционира … Но, има еден проблем, ако Весиќ Горан го грабне спортскиот центар…” дури четири пати во камерата се обиде ова да го каже Урош Марковиќ од познатиот белградски Спортски центар” 25 мај”, но секој пат беше прекинуван.

На највеното давање на изјави во директен ТВ пренос, новинарката од утринската програма на ТВ Пинк двапати го прекинуваше Марковиќ за секое споменување на заменик градоначалник на Белград и висок функционер на владеачката СНС, Горан Весиќ, а истото беше направено и во утринската програма на јавниот сервис РТС.

Марковиќ стана ѕвезда на социјалните мрежи-пишуваат опозиционите весници во Србија, бидејќи во директен пренос на телевизиите со национална фреквенција се обидуваше да каже кои се намерите на Горан Весиќ со популарниот базен “Мај 25” , во што не успеа. На ТВ Пинк тој зборуваше за погодностите што ги нуди базенот во Дорќол, за да по смоменувањето на Весиќ беше нагло прекинат. Новинарката инсистираше на тоа да се вратат на темата, барајќи од него да каже како функционира базенот.

– Базенот работи добро, има многу посетители … но ова ќе трае се додека Весиќ Горан не го земе … Марковиќ повторно беше прекинат. Истото се случи и на РТС.

„Немаме право да зборуваме за бројот на луѓе што доаѓаат во базенот и за бесплатните лежалки, во моментот кога Весиќ Горан сака да го одземе овој спортски центар“, рече Марковиќ, но повторно беше нагло прекинат.

За разлика од Пинк и РТС, новинарите на Н1 и на Данас му дадоа можност да каже што планира да направи, како и да го искоментира необичниото прекинување од страна на новинарите, на сред давањето изјава „во живо“.

– На новинарките им беше непријатно, бидејќи реагираа како да сум опцул во програмата во живо, кога го спомнав името на Весиќ Горан. Во двата случаи, слушнав како во слушалките на уво добиваат упатствата за итно запирање на директното вклучување, што е само еден од серијата докази за она што беше предупредување од Фридом Хаус и Репортерите без граници и од Европската комисија веќе неколку месеци, дека медиумските слободи во Србија се многу загрозени, што е уште една од причините зошто луѓето се на улиците седум месеци – изјави Урош Марковиќ, одборник во Собранието на белградската општина Стари Град.

Главниот уредник на Цензоловка, Перица Гунџиќ, изјави за Данас дека ова е цензура во која и Ким Џонг Ун би можел да им позавиди.

– Ова е ново ниво, нашиот креативен придонес кон богата историја на цензура. Обично политичарите или тајкуните цензурираат, но новинар сам да го цензурира соговорникот, тоа е веќе импресивно ниво на подготвеност на новинарите да реагираат брзо ако некој се обиде да ја критикува власта. Пинк треба да ја прошири франшизата и во Северна Кореја, секако Митровиќ брзо би станал најдобар пријател на Ким Џон Ун кој би можел само да посака ваков јавен сервис – оцени тој.

НУНС, корисниците на социјалните мрежи и бројните медиумски работници го осудија недостатокот на професионализам на новинарите на Пинк и РТС за прекинот на соговорникот, нагласувајќи дека е јасно дека во прашање е отворена цензура или самоцензура поради стравот да се спомене името на Горан Весиќ и на било каква критика за власта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...