Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во интервју на Хрватското католичко радио ја запеа својата најдрага духовна песна.
По освртот на темите за реконструкцијата на хрватската Влада, образованието, Црквата и политичките состојби во земјата, Грабар-Китаровиќ се префрли и на полесните теми. Имено, таа откри дека нејзината омилена верска песна е „Христос на брегот”, по што отпеа дел од стиховите.
ФОТО: EPA / Valda Kalnina