Популарната пејачка Емина Јаховиќ ја обновила врската со турскиот милијардер Садетин Саран, пренесуваат српските медиуми.
Емина, која уште пред пет месеци се смирила со момчето Садетин Сарен, решила да ја обелодени врската со Садетин откако Мустафа се „смирил“ и ѝ ги вратил децата. На љубоморниот поранешен сопруг на Емина му пречело што Емина ги води синовите кога е со Садетин, а тие почнале да се врзуваат за „новиот татко“.
– Емина и Садетин само накратко ја прекинаа својата романса и сега се повторно заедно поради тоа што сфатија дека не можат еден без друг. Откако еднаш се „изгореа“ кога јавно признаа дека се во врска, сега вљубената двојка молчи за обновената романса. По пет месеци врска во тајност Емина одлучила да ја прекина агонијата и тоа најмногу поради екс сопругот Мустафа кој направил хаос кога видел дека Емина заедно со децата оди на средби со Садетин – открил извор близок до Емина и Садетин за медиумите.
– На Мустафа започнало да му пречи тоа што Јавуз и Јаман при нивните средби разговарале само за Садетин. Мустафа многу се изнервирал откако синовите му кажале дека Садетин одлично се однесува кон нив и дека ти обожуваат да одат со Емина на јахтата на милијардерот. Тогаш Мустафа „побудалел“ и не сакал да ги врати децата кај Емина, дополнил изворот.
FOTO: Instagram/Printskrin