Фејсбук соопшти дека споделувањето медиа-фајлови во негови платформи е решен. Корисниците на услугите на компанијата констатираа дека не можат да испраќаат и да добиваат фотографии, видео-клипови и други фајлови на ФБ, Ватсап и на Инстаграм.
– За време на рутинска операција за поддршка е создаден проблем од наша страна, и тоа е причина што некои корисници не можеа да ги користат целосно нашите платформи – соопштија од ФБ.
Тие не дадоа коментар дали ќе вратат пари на компании кои се рекламираат за времето додека постоеле техничките проблеми.