Иствуд го инспирирал Ким за телохранители да трчаaт пред неговото возило (ВИДЕО)

494
ФОТО: EPA /WALLACE WOON

Секогаш кога севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, ќе се појави во јавноста, особено на големите и важните самити во странство, снимки како телохранители трчаaт пред неговото возило стануваат хит на интернет.

Тие беа голема атракција минатата година во Сингапур, каде Ким се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, а потоа ги видовме уште неколку пати.

Во книгата „Божествената соврешна судбина на брилијантниот другар Ким Џонг-ун“, дописничката на Вашингтон пост, Ана Филфилд открива од каде Ким ја добил идејата за вакво нешто.

– Како мал го гледал филмот „In the Line of Fire“, во кој Иствуд глуми агент на американската разузнавачка служба која го чувала Џон Ф. Кенеди, кога е убиен во 1963 година. Ликот на Иствуд и други агенти трчат пред претседателското возило – појаснува авторката.

Навистина било тешко да се стане телохранител на севернокорејскиот лидер. Кандидатите се бирале од редовите на војската и морале да положат низа тестови, а се оценувале и здравјето, видот, изгледот, личноста, семејната историја. Морале да бидат слична висина со таа на Ким и спаѓале во групата на ретки граѓани на кои им е дозволено да носат оружје во негова близина.

За да го заштити водачот, Северна Кореја применува специјални мерки, вклучувајќи дегустирање храна пред да му биде послужена и носење на негов личен тоалет кај и да патува, за некој од страна да не може да ја анализира неговата ДНК и да утврди какви болести евентуално има.

ФОТО: EPA /WALLACE WOON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...