Американската компанија „Боинг“ ќе исплати 100 милиони отштета на семејствата на жртвите во двете фатални несреќи на авионите 737 Макс.
Компанијата соопшти дека тие средства ќе бидат наменети и за поддршка на економскиот развој во заедниците на кои влијаеле несреќите во кои загинаа речиси 350 лица.
– Изразуваме длабоко сочуство за семејствата кои ги изгубија своите сакани и се надеваме дека овој гест ќе им донесе утеха – изјави извршниот директор на „Боинг“, Денис Муленберг.
Се очекува „Боинг“ да соопшти кога 737 Макс ќе почне повторно да лета, иако произведувачот на авиони соработува со американските регулаторни органи на отстранување на проблемите.
Над 300 авиони „Боинг 737 макс 8 и макс 9“ се повлечени низ целиот свет од активна служба по двете смртоносни уривања на авионите во пет месеци, при што во несреќите во Етиопија и Индонезија загинаа вкупно 350 луѓе.