Кремљ денеска соопшти дека деталите за пожарот во кој загинаа 14 членови на екипажот на подморница нема да бидат објавени, бидејќи вклучуваат класифицирани информации.
– Таква информација не може целосно да се објави. Тоа спаѓа во категоријата државни тајни – рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Морнарите загинаа во понеделникот во територијалните води на Русија на далечниот северен дел на земјата, но за катастрофата беше објавено вчера.
– Сосема е нормално што такви информации не се објавуваат – нагласи Песков, додавајќи дека тоа е „во согласност со закони на Руската Федерација“.
Официјалните лица дадоа малку информации за подморницата и околностите на несреќата, додека локалните медиуми известуваа дека тоа била тајна мини-нуклеарна подморница.