Лидерите на земјите членки на ЕУ се договорија да ја номинираат сегашната германска министерка за одбрана, Урсула фон дер Лејен за претседателка на Европската Комисија.
Ако нејзината номинација ја потврди и Европскиот парламент таа ќе го замени Жан Клод Јункер и ќе биде првата жена на оваа позицијата.
Таа има богата биографија, но и богат приватен живот. Лејен е единствената министерка која е член на кабинетот на Ангела Меркел од самиот почеток во 2005 кога германската канцеларка ја презема власта.
Прво, таа била министерка за семејни прашања и млади, од 2009 година за труд и социјална политика, а од 2013 до денес е министерка за одбрана.
Лејен има 60 години, лекар е по професија, а родена е во Брисел каде нејзиниот татко работел како еден од првите европски државни службеници од основањето на Европската комисија во 1958 година.
Таа е потомок на баронот Лудвиг Кнуп, прговец со памук од Бремен. Внука е на диригентот Џорџ Александар Албрехт и првиот братучед на диригентот Марк Албрехт.
Мажена е со професор по медицина кого го запознала за време на студентските денови, а денеска со него има седум деца.
Photo: EPA / HAYOUNG JEON