Двајца повредени во трговски центар во Калифорнија

61

Најмалку две лица се повредени во инцидент со пукање во трговски центар во Сан Бруно во американската сојузна држава Калифорнија, соопшти полицијата.

Шефот на локалната полиција Ед Барберини изјави дека истражувачите сметаат дека пукањето не било случајно.

Барберини додаде дека пукале две лица, најверојатно едно во друго.

Во трговскиот центар има силно полициско обезбедување, а затворена е и железничката станица која е во близина.

Десетици лица се евакуирани од трговскиот центар.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...