Лидерите на земјите членки на ЕУ се договорија да ја номинираат сегашната германска министерка за одбрана, Урсула фон дер Лејен за претседателка на Европската Комисија.
Сегашниот шпански министер за надворешни работи, Јосеп Борел е номиниран за висок претставник за надворешна политика на ЕУ, поранешната француска министерка за финансии, Кристин Лагард за претстедателка на Европската централна банка, додека пак Шарл Мишел, сегашниот премиер на Белгија е назначен за претседател на Европскиот Совет, потврди Доналд Туск на Твитер.
– Избравме две жени и двајца мажи за клучните позиции. Тоа е совршен родов баланс. Вредеше да се чека за ваков исход – изјави Туск пред новинарите во Брисел.