Младиот уметник Вејчеслав Поповски на 14 април во Македонската опера и балет ќе одржи гала-концерт насловен „Љубовна елегија“.
На концертот ќе бидат изведени едни од најстарите македонски народни песни: „Калеш Анѓа“, „Бор садила мома Евгенија“, „Билјана платно белеше“, „Саноќ седам Трено“, „Кажи, кажи, либе Стано“. Аранжманот е на Вејчеслав Поповски, кој ќе настапи во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент ќе биде Бисера Чадловска.
Вејчеслав Поповски има 17 години и досега има настапувано на фестивалите во Македонија и во странство. На 11 години го снимил првото солистичко цеде „Бисери“.Со „Бор садила мома Евгенија“, Вејчеслав дебитираше и во „До Балчак-приказна од Дивиот Исток“. Во 2013 година на Светскиот музички шампионат во Холивуд ја доби титулата „Светски шампион во три стила – опера, латино и отворен стил“.