Првата пленарна сесија на новиот Европски Парламент во Стразбур почна со скандал, кога при интонирањето на химната на ЕУ британски и полски европратеници се свртеа со грб, а други нивни колеги демонстративно не станаа.
Тоа се случува пред продолжението на средбата на лидерите на Европската унија за распределба на клучните позиции во институциите во Брисел.
Ако денеска се изнајде компромис, идниот претседател на Евроспката комисија може да биде утврден уште в четврток во Стразбур.
ФОТО: EPA / STEPHANIE LECOCQ