Канцеларијата на Трговскиот претставник на САД предлага воведување царини за стоки увезени од ЕУ во висина од четири милијарди долари, се вели во соопштението на службата.
Воведувањето царини е одговор на субвенциите што ЕУ ги дава во цивилното воздухопловство.
Во прилог се наведени неколку десетици производи што можат да бидат оцаринети како металуршки производи, некои видови ѓубриво, но и повеќе видови прехранбени производи како кашкавал, путер, маслинки, кафе, свинско месо, тестенини или алкохолни пијалоци.
Се укажува дека новиот список е допoлнување на претходно објавениот во април. Тогаш службата се изнесе со иницијатива да се воведат царини за европски стоки во висина од 21 милијарда долари.
Царините се воведуваат со цел заштита на правата на САД околу трговскиот спор што се води во Светската трговска организација (СТО) против ЕУ. Спорот датира од 2004 година и е поврзан со субвенциите на Брисел во европската индустрија за цивилно воздухопловство.
Апелациска инстанца на ВТО лани ја потврди одлуката од 2016 година дека ЕУ и четири земји членки на ЕУ – Франција, Германија, Шпанија и Велика Британија, го субвенционирале производителот на авиони „Ербас“.
Вашингтон смета дека тоа е незаконски бидејќи се нарушува конкуренцијата во цивилната авио-индустрија и штети на пазарната позиција на американски „Боинг“.