Демонстранти со шипки упаднаа во Парламентот на Хонг Конг

305

Група демонстранти денеска упаднала во зградата на Парламентот на Хонг Конг и со спреј исцртала графити по ѕидовите и над грбот на оваа автономна кинеска територија.

Некои се качиле на парламентарните клупи, а други пак се качувале за пораките да ги постават високо на ѕидовите од парламентот.

Полицијата се повлекла за да спречи конфликти со демонстрантите.

Демонстрантите ја урнале металната капија за да влезат во зградата, а потоа ги симнувале и со пишки ги кршеле сликите на парламентарното раководство.

Истовремено, десетина илјади луѓе протестирале во тој град барајќи поголема демократија.

Луѓето на улиците тврдат дека владата на Хонг Конг не одговара на нивните барања за целосно повлекување на спорниот закон за изрекувањето оставка на лидерката на Хонгконг, Кери Лам.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...