Жените треба да се шамараат ако тоа го заслужиле: Шон Конери пак шокира со изјавата

Шон Конери во деведесеттите години ја шокираше јавноста пред камерите, кога порача дека „на жените треба да им се удри шлаканица.

358

Актерот го предизвика гневот и бесот на јавноста кога го повтори својот став дека на жените треба да им се удри шлаканица и на тој начин го поддржа насилството.

Имено, Шон Конери во деведесеттите години ја шокираше јавноста пред камерите, кога порача дека „на жените треба да им се удри шлаканица, доколку шлаканицата е заслужена“.

Неодамна, во разговор со новинарка, повторно ја отворил таа тема.

„Во претходно интерју ја застапувавте тезата дека не е најлоша работа на светот доколку и удрите шлаканица на жена? И рековте дека треба да ги удирате со тупаница, а не со отворена дланка?“ – го прашала новинарката, а тој повторно ги запрепасти сите:

– Да. Не го сменив мислењето. Воопшто – изјавил Шон.

Јавноста остро ги осуди неговите ставови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...