Во Индија запленета дрога во вредност од 390 милиони долари

61

Царински службеници во северниот дел на Индија запленија наркотици во вредност од 390 милиони долари, кои биле прокриумчарени од соседен Пакистан, што е најголема заплена на илегална дрога во таа земја, соопштија денеска официјални лица.

Високиот царински претставник Дипак Кумар Гупта изјави дека во сојузната држава Пенџаб биле запленети 586 килограми наркотици, најмногу хероин, сокриени во 15 торби меѓу 600 вреќи со камена сол, увезена од Пакистан.

Тој додаде дека двајца мажи, вклучувајќи го и осомничениот за увоз на сол, се задржани во притвор и испрашани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...