Цените на горивата од полноќ се зголемуваат од еден денар до денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на „еуросупер 95“ е 68,50 денари за литар, а на „еуросупер 98“ ќе изнесува 70,50 денари за литар. Малопродажната цена на дизелот од полноќ ќе изнесува 61,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51 денар за литар.
Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,612 денари за килограм и ќе изнесува 34,849 денари за килограм.
Покачувањето на цените на бензините се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период.