Претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, во интервју за Ал Џезира, зборувајќи за политичката ситуација во земјата и за денешните локални избори, оценува дека албанските граѓани се шокирани од неангажираноста на меѓународните претставници за поврзаноста на премиерот Еди Рама со организираниот криминал.
Тој уште со оценка дека актуелната ситуација во земјата е опасна и може да доведе до граѓански немири.
– Албанците се шокирани од нереагирањето на меѓународените претставници во врска со доказите за поврзаноста на Рама со организираниот криминал преку кој тој ја освои власта во 2017 година. Ова е многу опасна ситуација што потенцијално води до граѓански немири, социјални немири, доколку нема јасна осуда на фарсата која веќе се случила – вели Баша.
Во прилогот на Ал Џезира под наслов „Локалните избори во Албанија: опозицијата одбива да учествува“, се наведува дека Демократската партија ја обвинува Владата за корупција и бара предвремени парламентарни избори.