„Традиционалистите“ полудеа

Одбраната на традиционалните семејни вредности и семејство е само хипокризија преку која луѓето ќе си ја оправдаат манифестацијата на отворена омраза - да, да, баш омраза - кон секое однесување или потреба на малцинството.

5920

Марш за одбрана на традиционалното семејство и традиционалните семејни вредности, претпоставува дека некој го напаѓа традиционалното семејство.

Постои ли некаде на светот закон против бракот помеѓу маж и жена? Дали жени кои се решени да се породат се принудени на абортус? Има ли некој закон, нешто политичко, нешто културолошко што на машко му забранува да се земе со женско и обратно, и по своја волја да си направат деца? Постои ли дискриминација или казни, или обични предрасуди против хетеросексуалното семејство, или против мамичките и татичките?

Очигледниот одговор е: НЕ!

Не постои ништо на овој свет што на хетеросексуалното мнозинство му забранува да влегува во брак, во двојка и да прави што кур сака.

Оттука, одбраната на традиционалните семејни вредности и семејство е само хипокризија преку која луѓето ќе си ја оправдаат манифестацијата на отворена омраза – да, да, баш омраза – кон секое однесување или потреба на малцинството.

Сега тие малцинства добиваат поголеми права, и тоа ги полудуе „традиционалистите“, зошто губат моќ и капацитет над животите на другите и над леснотијата со која сакаат да ги уништуваат туѓите животи.

Препотентните полудуваат кога не можат да ја спроведуваат својата препотетност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...