Абе и Путин без решение за Курилските Острови

193
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе и рускиот претседател Владимир Путин најавија економски иницијативи, но немаат напредок во решавањето на деценискиот територијален спор, кој се однесува на Курилските Острови.

Во последните денови од Втората светска војна, Советскиот Сојуз ги зазеде четирите најјужни Курилски острови

Јапонија полага права на тие острови, кои ги нарекуваат Северните територии, и овој спор до денес ги спречува Москва и Токио да потпишат мировен договор и формално да ја завршат војната, пренесува Б92.

Абе рече дека на денешната средба во Осака била потврдена заедничката желба за решавање на проблемот и дека двете страни се поблиску до договарање за заеднички економски проекти на спорните острови. Тој, исто така, објави дека Јапонија ќе го олесни издавањето визи за руски бизнисмени и туристи.

Путин изрази надеж дека заедничките проекти „ќе помогнат да се создадат услови за изнаоѓање заемно прифатливо решение за најтешките проблеми”.

ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...