Пјонгјанг соопшти дека Трамп дал „многу интересен предлог“ за состанок

65
Photo: EPA / JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на Г-20 во Осака изјави дека сака да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во демилитаризираната зона на границата меѓу Јужна и Северна Кореја.

– По многу важни состаноци, вклучувајќи го и состанокот со претседателот на Кина, Си Џинпинг, заминувам од Јапонија во Јужна Кореја на средба со претседателот Мун. Додека сум таму, ако Ким, лидерот на Северна Кореја, го види ова, би сакал да се сретнеме на границата, да се ракуваме и поздравиме – порача Трамп на Твитер.

Пјонгјанг соопшти дека Трамп дал „многу интересен предлог“ за состанок.

– Го гледаме ова како многу интересен предлог, но сé уште не сме добиле официјално барање – изјави заменик-министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Чо Сон Хви.

Како што пренесе севернокорејската новинска агенција КЦНА, Чо порачал дека средбата ќе биде уште една значајна можност што ќе доведе до продлабочување на односите меѓу двајцата лидери и односите меѓу двете држави.

Photo: EPA / JIM LO SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...