По 20 години преговори ЕУ и Меркосур потпишаа трговски договор

156

Европската Унија и јужноамериканскиот трговски блок Меркосур денеска потпишаа договор за стратешко трговско партнерство, соопшти аргентинската Влада.

Во соопштението се посочува дека договорот, постигнат по 20 години преговори меѓу двете страни, бил потпишан во Брисел.

Јужниот заеднички пазар (Меркосур) го сочинуваат Аргентина, Бразил, Парагвај, Уругвај и Венецуела, чие членство во моментов е суспендирано. Боливија, Гвајана, Еквадор, Колумбија, Перу, Суринам и Чиле имаат статус на придружни членки, а Мексико и Нов Зеланд се земји набљудувачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...