Заев: Гарантираме стабилна цена на струјата во следната година

137

Гарантираме стабилна цена на струјата во следната година, изјави премиерот Зоран Заев кој денеска во Собранието одговара на пратенички прашања.

Тој рече дека со либерализацијата на пазарот на електирична енергија нема да се зголеми цената на струјата како што тврдеше минатата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

– Нема да се зголеми цената на домаќинствата, а 20 до 30 проценти од деловните објекти од помал обем како што се пекари, производители на сладолед, занаетчиски работилници ќе имаат намалување на цената на струјата од 140 евра на мегават часови на 80 евра на мегават часови – рече Заев.

Додаде дека минатата власт ја одложувала либерализацијата со образложение дека со тоа ќе се зголеми цената на струјата, но оти вистинската причина за зголемување било недомаќинското работење на енергетските компании.

– Во 2014 година кога Владата донесе одлука дека се одлага либерализацијата се случува тренд на пораст на цената на струјата за вкупно 60 проценти од 2006 до 2013 година. Тоа е затоа што немало рационално работење на енергетските компании. Во 2014 година ЕЛЕМ работи со загуба од 14,5 милиони евра годишно, а денеска ЕЛЕМ има акумулирана добивкаод 46, 3 милиони евра. Тоа се податоци со кои се гордееме и со кои покажуваме дека транспретност и домаќинско работење носат заштеда на јавни пари – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...