Кардиолог открива кој леб е најдобар за организмот, а можете и сами да го направите дома

Најдобар леб е оној од бадемово брашно, кокосово брашно, но без житарки. Овој вид леб е совршен ако сакате да го намалите внесот на шеќери.

1921

Мислите дека ако јадете леб од цело зрно или без глутен му правите добро на организмот?

Се чини дека ова баш и не е вистина, еден сосема поинаков леб е, всушност, најдобар за здравјето, барем така мисли американскиот кардиохирург, д-р Стивен Гундри, кој советува да се држиме подалеку од лектиното или другите токсични растителни протеини кои се наоѓаат во пченицата и производите без глутен.

Кога консумираме лектини тие предизвикуваат одреден вид хемиска војна во телото, но и инфламиторни реакции кои доведуваат до зголемување на тежината и други здравствени проблеми.

Што треба да јадеме?
Најдобар леб е оној од бадемово брашно, кокосово брашно, но без житарки. Овој вид леб е совршен ако сакате да го намалите внесот на шеќери.

Еве го рецептот:
Состојки:
75 г кокосово брашно
60 г мелен златен лен, цело зрно
3 белки
3 поголеми јајца
5 лажици маслиново масло
1 прашок за печиво
140 мл топла вода

Начин на приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Смелето го лененото семе. Сите суви состојки измешајте ги во еден сад. Во друг поголем сад со миксер изматете ги јајцата и белките. Додадете ги сувите состојки и сè заедно убаво изматете. Нека отстои 5 до 10 минути за да згусне. Ставете во калап и печете 35 до 40 минути.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...