Русија, Кина и Индија во заедничка акција против унилатерализмот

95
ФОТО: EPA / MICHAEL KLIMENTYEV

Лидерите на Русија, Индија и Кина денеска на маргините на Самитот на Г-20 во Осака се заложија за заедничка акција против унилатерализмот.

Рускиот и кинескиот претседател Владимир Путин и Си Џинпинг и индискиот премиер Нарендра Моди разговараа за начините за зајакнување на врските помеѓу нивните земји.

Путин наведе дека на средбата била нагласена потребата за почитување на меѓународното право, националниот суверенитет и воздржување од мешање во внатрешните работи на другите држави.

Тој додаде дека министрите за надворешни работи и претставниците на безбедносните служби координирале заедничка акција против тероризмот, трговијата со дрога и за другите безбедносни предизвици.

– Русија, Кина и Индија одлучно се спротивставуваат на протекционизмот, унилатералните акции и незаконските санкции – истакна Путин.

Средбата помеѓу Путин, Си и Моди уследи по состанокот на БРИКС, во кој се вклучени Бразил и Јужноафриканската Република.

ФОТО: EPA / MICHAEL KLIMENTYEV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...