Марко Ѓуриќ оди на Косово на литургија за Велигден

857

Директорот на српската владина Канцеларија за КиМ, Марко Ѓуриќ, кој пред 12 дена беше приведен и депортиран од Косово, денеска ќе замине повторно за северно Косово да присуствува на полноќна Велингденска литургија во манастирот Бањска.

Таа информација е потврдена и од Министерството за надворешни работи во Приштина, како и од советникот на шефот на дипломатијата Јетлир Зиберај, кој за весникот Газета експрес изјави дека „посетата е одобрена“.

– Барањето за посетата е одобрено во духот на мирот и разбирањето по повод православниот празник Велигден, изјави Зиберај, додавајќи дека Ѓуриќ, како и сите останати верници имаат право да се молат во  која било црква во која сакаат.

– Правилата ќе се прочитуваат бидејќи тој се соочува со новата реалност на Косово и со оваа реалност се запознати сите српски државни функционери, изајви Зиберај.

Заминувањето на Марко Ѓуриќ на Косово се случува само по 12 дена од неговото приведување и инцидентите во Косовска Митровица на 26 март, кои Приштина го аргументираше како негова провокација и непочитувањето на процедурите за посетата, по што тој беше депортиран од Косово. Србија потоа го стопираше Бриселскиот дијалог со Косово, а преставниците на српската листа ја напуштија косовската влада и започнаа со изработка на статутот на Заедницата на српски општини, со што српско-косовските односи уште повеќе се заострија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...