Новта цена на електричната енергија за домаќинствата и малите протрошувачи која ќе ја дистрибуира универзалниот снабдувач ЕВН хоум од 1 јули ќе се знае денеска. Регулаторната комисија за енерегтика (РКЕ) најави дека цената нема да се менува, оти пресметките за трошоците од енерегeтските компании ЕВН хоум, МЕПСО и Електродистрибуција го покажале тоа.
Во пресметката на универзалниот снабдувач влегуваат трошоците за набавка на струја, за пренос кон МЕПСО, трошок за дистрибуција и плус маржата од 11, 5 отсто добиена на тендер за избор на универзаелен снабдувач.
Од 1 јули универзалниот снабдувач ќе има обврска да обезбеди струја за сите домаќинства кои со либерализацијата не излегоа на слободен пазар.
Сметките отсега нема да доаѓаат од ЕВН Македонија, туку од ЕВН хоум, но граѓаните немаат никаква обврска околу тоа.
Цените на струјата ќе бидат усогласувани еднаш годишно од страна на Регулаторната комисија за енергетика.