Премиерот Заев во попладневниот дел од собраниската дебата најави дека ќе има ново покачување на мининалната плата.
– Ќе има ново покачување на минималната плата и со тоа на сите плати, обезбедуваме земјоделски пласмани, успесите на Владата се видливи, влегуваме во поголеми резултати – изјави Заев.
Заев информираше и за активности на Владата во обезбедувањето пласмани на земјоделските производи и порача дека реконструкцијата на Владата се прави за видливите владини резултати, на половина од мандатот, да бидат уште поголеми, и во интерес на сите граѓани.
– Просечните плати во нашата земја, на ниво на приватен сектор растат и продолжуваат да растат. 6.6 проценти се зголемени и ќе бидат дополнително зголемени заради тоа што работиме како Влада, со комплетен фокус за пораст на платите. Ќе се покачи уште еднаш минималната плата, којашто секако ја отвора спиралата на покачување на платите и тие ќе растат – рече премиерот Заев.