Министрите за одбрана од НАТО усвоија вселенска политика

93

НАТО, по првпат, усвои своја вселенска политика, со што создаде рамка за соочување со заканите по клучната вселенска инфраструктура, како што се комуникациските и навигациските сателити, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

„Денеска НАТО презеде уште еден важен чекор во нашето приспособување со прифаќањето на првата вселенска политика“, напиша Столтенберг на Твитер за време на средбата на министрите за одбрана во Брисел.

Политиката има за цел координирање на напорите на членките на НАТО во спротиставувањето на предизвиците во вселената, пренесува Хина. НАТО не сака да развива сопствени вселенски капацитети.

– Не сакаме да ја милитаризираме вселената, изјави Столтенберг вчера, на првиот ден од министерскиот состанок.

НАТО се повеќе зависи од вселенската технологија, а ја користи во воената комуникација, навигација и собирање информации. нападите на сателити во време на војна може да бидат користени за да се парализираат секојдневните активности, како што е плаќање со картичка или управување со сообраќај.

Во текот на оваа година, можно е НАТО да ја додаде вселената на листата на свои оперативни подрачја, покрај земја, мора, воздух и кибер подрачјето, кое беше додадено во 2016 година. Со тоа би било овозможено издвојување дополнителни средства, па нападот во вселената би бил третиран слично како и во другите подрачја. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...