Сметката на 1ТВ била блокирана, но откако оттаму денеска го платиле долгот, Управата за јавни приходи им ја тргнала блокадата. Вака попладнево одговараат од УЈП на тврдењата од телевизијата според кои тие немаат блокада, пишува порталот Фактор.
Од УЈП се децидни дека сметката била под блокада и дека банкарскиот извод кој 1ТВ го покажува е откако долгот бил расчистен.