Рускиот бизнисмен Олег Дерипаска изгубил за еден ден 957 милиони долари заради новите американски санкции, објави Форбс.
Министерството за финансии на САД вчера воведе санкции за седум руски претприемачи и против 12 компании кои тие ги контролираат, како и против 17 високи руски владини претставници.
Дерипаска е на списокот како и компаниите што ги контролира.
На списокот е и Сулејман Каримов кој загубил 244 милиони долари како и Виктор Шамалов кој загуби заради санкциите 41 милион долари.
Форбс во 2017 година го процени богатството на Дерипаска на 5,3 милијарди долари.
ФОТО: EPA/YURI KOCHETKOV