Дојава за бомба натера патнички авион да слета во Лондон

62

Патнички авион на Ер Индија слета денеска на лондонскиот аеродром Станстед поради дојава за бомба, соопшти авиокомпанијата на Твитер.

Во пораката се наведува дека авионот, што полетал кон Њуарк во САД, слетал поради превентивност.

Авиокомпанијата не објави повеќе детали, но додава дека ќе следува нов извештај за инцидентот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...