Екс претседателот на Бразил наместо во затвор, сака повторно да биде претседател

190

Поранешниот претседател на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва одби да и се предаде на полицијата што претходно побара суд.

Лула имаше рок до 17 часот по локално време (22 по средноевропско) да им се предаде на властите во градот Куритиба, на околу 400 км од Сао Паоло. Наместо тоа, тој се повлече кај приврзаници во металуршки синдикат во местото Сао Бернардо до Кампо, предградие на Сао Паоло.

Судот нареди вчера апсење на поранешниот претседател за да почне да издржува казна затвор од 12 години.

Лула да Силва негира дека е виновен и смета дека е изложен на политички прогон за да не може да учествува во претседателските избори во октомври. Беше претседател на Бразил од 2003 до 2011 година. Во јули 2017 е осуден за корупција и перење пари во рамки на најголема истрага за корупција во историјата на државата по која во затвор завршија политичари и бизнисмени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...