Со гастрономски билборди на Коридорот 10 ќе се привлекуваат туристи

На билбордите може да се видат актрактивни фотографии од традиционална македонска храната и вино, преку блесокот на Охридското и Дојранското Езеро, археолошките приказни на Стоби, па се до динамиката на Скопје.

135

Со билборди со фотографии од храна и вино, туристички атракции и познати локации во земјава каде што туристите можат да поминат дел од своето слободно време, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот реализира кампања за земјава како следна дестинација за одмор.

Кампањата се реализира долж автопатот – Е75 почнувајќи од Белград, Република Србија до македонската граница.

„Насочувањето и задржувањето на туристите кои минуваат низ земјава се одвива преку билборд кампања во Србија која е во траење од четири недели и опфаќа бројни билборди поставени по должина на автопатот Е75. Почнувајќи од Белград, па се до македонската граница, овој пристап со т.н.надворешно рекламирање значи директно зајакнување на промоцијата на локациите кои се атрактивни за туристите, а се наоѓаат во непосредна близина на автопатот“, појаснуваат од Агенцијата.

Во фокусот на промоцијата е гастрономијата и искуството кое туристите би го добиле доколку одберат да одморат попатно во земјава.

На билбордите може да се видат актрактивни фотографии од традиционална македонска храната и вино, преку блесокот на Охридското и Дојранското Езеро, археолошките приказни на Стоби, па се до динамиката на Скопје.

Очекувањата од овој тип на рекламирање е да се надмине минатогодишниот број на туристи во Демир Капија, Дојран и други места долж патниот правец Е-75 преку праќање пораки дека доколку застанат ќе искусат само трошка од она што нашата земја може да го понуди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...