Сигурно сте слушнале за сируп од агава, за тоа дека од некои видови Агава се добива сладок сок кој може да се пие веднаш или со алкохолно вриење да се претвори во пијалокот pulque – национален пијалок во Мексико со околу 5 отсто алкохол. Сигурно знаете и дека со дестилација се добива познатата текила…
Можеби знаете и дека сирупот од агава се добива од стеблото на оваа билка, а се користи како природен засладувач.
Се нарекува и медена водичка (aguamiel), затоа што има благ вкус и светла боја. Поредок е од мед, но е посладок, па кога со него се готви треба да се става помала количина.
Древните Ацтеки користеле мешавина од сируп од агава и сол, за зараснување на рани, но ја користеле оваа мешавина и како мелем за инфекции на кожата.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.