Баша повика на бојкот на изборите во Албанија

70

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила,Демократската партија, Љуљзим Баша, ги повика албанските граѓани да ги бојкотираат локалните избори на 30 јуни,додавајќи дека избори нема да бидат признати.

Тој ги повтори,како што рече, двата силни услови на опозицијата за надминување на кризата, а тоа е казна за крадците на гласови и заминувањето на премиерот Еди Рама.

Според него најдобар начин да се забрза падот на Еди Рама е негово напуштање на функцијата.

– Напуштете ги неговите олигарси, неговите медиуми и политички слуги. Кренете го гласот против нив. Протестирајте против нив. Спречете ги.Не и верувајте на пропагандата на Еди Рама,на неговите лаги,не бидете дел од неговите банални престави,кои тој ги произведува на митинзите. Отфрлете го Еди Рама,неговите бизнисмени арамии, неговите кримналци кои се околу него. Отфрлете го Еди Рама морално, духовно и прес се политички – побара Баша од албанските граѓани.

Посочи дека за да излезат на избори се врши невиден терор кон граѓани, вработени во админстрацијата, малиот бизнис или други дејности од страна на „ инспектори,полицијата или другите слуги на Еди Рама“.

– Ве повикувам да не бидете дел од оваа фарса, која служи само за криминалот и личната власт на Еди Рама. Овие избори се нула. Тие нема да бидат признати. Нив нема да ги биде. Ве повикувам да ги казните со напуштање. Оние кои ве поттикнуваат да им се приклучите ним, не се интересираат ни за вас, ни за вашата безбедност,ниту пак за иднината на вашите деца – рече Баша.

Додаде дека тој и обединетата опозиција ќе сторат се што можат против,како што рече, оваа незаконска и криминална фарса.

– Ве повикувам да го направите вашето со неучество на изборите. Ве уверувам дека крајот на Еди Рама е блиску. Ве уверувам дека Албанија има можности и сила да излезе од амбисот каде што падна и да почне да гради достојна иднина, како и секоја друга европска земја. Ние сме мнозинство. И ние сме посилни од злото – порача лидерот на албанските опозициски демократи Љуљзим Баша до албанските граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...