Уапсен поранешниот претседател на Ерменија Роберт Кочаријан

166

Поранешниот ерменски претседател Роберт Кочаријан денеска е повторно уапсен, во рамки на случајот за кој тој тврди дека претставува политичка одмазда на сегашното раководство на земјата.

Кочеријан е ставен во притвор откако Апелацискиот суд ја поништи одлуката на понискиот суд, со која тој беше ослободен минатиот месец.

Кочарјан е обвинет за кршење на уставниот поредок, поради тоа што во 2008 година им нареди на армијата и на полицијата да ги задушат протестите против резултатите од изборите, на кои Серж Саргсијан беше избран за негов наследник. Во судирите загинаа осуммина демонстранти и двајца полицајци.

Актуелниот претседател на Ерменија, Никол Пашинијан, беше еден од лидерите на протестите, а ги предводеше и демонстрациите пред една година, кои доведоа до симнување од власт на Саргсијан по 10 години владеење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...