Кога ве води носот, не може да завршите на лошо место

Се сеќавате на филмот „Чоколадо“ со Жилиет Бинош? Се сетивме на него одејќи по тесните камени улички на Хвар и ја почувствувавме аромата на тазе печени колачи, топено чоколадо, путер, мед, ванила, карамел...

289

Додека одевме по камените улички на Хвар, сретнавме една жена која во раката држеше убава шарена роденденска торта. Се прашавме од каде ли ја носи и посакавме да не се лизне по лизгавите камења на градот. Таман ја одминавме, веќе зад следниот ќош наеднаш не удри преубава арома на стопено чоколадо, путер, мед, карамел, тазе печени колачи и пред очи ни излезе сликата на Жилиет Бинош од омилениот филм „Чоколадо“.

Видовме две три мали масички и веќе бевме тука, пред прагот на волшебната „Кармен“. А таму, наместо Жилиет Бинош беше една симпатична жена која тукушто се симнуваше по скали со тепсија полна со колачи. Веројатно нашите очи беа премногу широко отворени за да не ја забележи нашата состојба… Ни ја подаде тепсијата и рече: „земете, пробајте!“

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...