Прочистете ги бубрезите со помош на овие билки и витамини

Во нашето тело постои природен механизам на чистење на бубрезите. Ако консумирате доволно течности во облик на вода, чај, итн..., бубрезите се чистат сами.

880

Бубрезите се задолжени за тоа да ги елиминираат од нашето тело токсините. Секој ден низ нив поминуваат околу 200 литри крв. Исто така, тие произведуваат важни хормони: erythropoietin (кој го стимулира производството на црвени крвни клетки), ренин (кој го регулира крвниот притисок) и calcitriol (активна форма на витамин Д).

Во нашето тело постои природен механизам на чистење на бубрезите. Ако консумирате доволно течности во облик на вода, чај, итн…, бубрезите се чистат сами.

Често под чистење на бубрезите се подразбираат некои алтернативни производи што помагаат за детоксикација на бубрезите, ја подобруваат нивната функција и го спречуваат создавањето на камчиња.

Освен што ја подобрува нивната работа и го спречува создавањето на камчиња, чистењето на бубрезите може да помогне да се елиминираат токсините од организмот, да се подобри имунитетот, да се подобри крвниот притисок и да се подобри функцијата на мочниот меур.

Билки што ја подобруваат функцијата на бубрезите и го помагаат нивното чистење:
– ѓумбир
– глуварче
– корен од бел слез
– смрека
– коприва
– магдонос

Производи што помагаат за чистење на бубрезите:
– лубеница
– сок од лимон
– сок од брусница
– семки од тиква

Витамини за чистење на бубрезите:
– витамин Б2
– витамин Б6
– магнезиум

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...