Ако сакате да ја намалите видливоста и обемот на целулитот на телото, на вашето мени треба да бидат застапени протеините, како што се риба, немасно месо и млечни производи), здравите маснотии (авокадо, јаткасти плодови, масна риба) и сложените јаглехидрати (житарки, компир, интегрален ориз) и тоа токму по овој редослед.
Производите кои помагаат на појавата на целулитот се рафинираните шеќери, газираните пијалаци и производите од бело брашно, како и недостатокот на вода.
Пример на петдневно мени во борбата против целулит:
Ден 1
Чаша млака вода и половина лимон
Појадок: овесна каша + прстофат цимет + лажичка чиа семки
Ужина: 1 грст бадеми
Ручек: 130 грама месо по избор (на пример пилешки гради) + 40 грама ориз + 200 грама варен зеленчук по избор + 1 лажица маслиново масло
Ужина: 100 грама јагоди
Вечера: 80 грама туна + салата од зелен листест зеленчук + 2 лажици маслиново масло
Ден 2
Чаша млада вода со половина лимон
Појадок: 2 варени јајца + интегрално потпечено лепче + 1 лажичка немасна мачканица од сирење
Ужина: протеинска плочка
Ручек: Вариво од зеленчук по избор
Ужина: 100 грама јаболка
Вечера: 150 грама ослич (или друга бела риба) + 250 грама варен зеленчук (брокули, карфиол, морков) + 1 лажица масло од тиква
Ден 3
Чаша млака вода со половина лимон
Појадок: овесна каша + 1 лажичка чиа семки + 1 шака боровница
Ужина: 20 грама бадеми
Ручек: 150 грама мисиркини гради + 300 грама печен компир без маснотии + салата + 1 лажица маслиново масло
Ужина: грејпфрут
Вечера: 130 грама пилешки гради + 200 грама варени брокули + 1 лажица маслиново масло
Ден 4
Чаша млака вода со половина лимон
Појадок: омлет од 2 јајца + 50 грама авокадо
Ужина: 20 грама лешници
Ручек: 200 грама филе од лосос + порција блитва со млад компир + 1 лажица маслиново масло
Ужина: 150 грама павлака
Вечера: 200 грама посно сирење + 50 грама јагоди или боровинки
Ден 5
Чаша млака вода со половина лимон
Појадок: Смуди од 70 грама авокадо + 3 децилитри бадемово млеко + 3 шаки спанаќ + 1 лажичка цимет
Ужина: 200 грама лешници или бадеми
Ручек: 200 грама филе од туна + млад компир зготвен во лушпа + 1 лажица маслиново масло
Ужина: интегрален крекер + 1 лажица путер од кикирики
Вечера: 130 грама пилешки гради + свеж зеленчук по желба + 1 лажица маслиново масло