Вметнете ја оваа намирница во својата исхрана и значително ќе го подобрите своето здравје и веројатно ќе ја спречите појавата на рак. Најновото истражување покажало дека доколку пиете јогурт барем двапати неделно може значително да го спречите ризикот од развој на рак на дебелото црево. Еве зошто е тоа така.
Јогуртот одамна е познат како напивка кој е добра за здравјето, а новата студија докажува дека може да помогне и во борбата против ракот.
Мажите кои пиеле јогурт двапати неделно имале 26 отсто помал ризик од развој на предканцерогени израстоци во дебелото црево. Меѓутоа, научниците не пронашле исти придобивки и кај жените.
– Овие податоци укажуваат на тоа дека некои од карактеристиките на јогуртот, како што е неговата потенцијална улога во менувањето на природните бактерии во нашите црева, може да имаат превентивно дејство кај состојбите како што е ракот – изјавил Ендру Чан.
Сепак, истражувачите предупредиле дека студијата не докажува дека јогуртот самостојно го спречува ракот на дебелото црево, туку дека може само да биде од помош во борбата со оваа малигна болест.
Конкретно, резултатите не укажуваат на тоа дека lactobacillus bulgaricus и streptococcus thermophilus, двата типови добри бактерии кои вообичаено се наоѓаат во јогуртот, може да го намалат присуството на факторите кои предизвикува рак на дебелото црево.
Истражувачите потенцираат и дека јогуртот може да ја намали киселината во цревата, создавајќи на тој начин „гостопримливо“ опкружување за овие корисни бактерии.
Освен тоа, јогуртот може да помогне и во борбата против воспаленијата, а со тоа помага и да се намали ризикот од рак.
За да се спроведе истражувањето, Чан и неговиот тим собрале податоци од речиси 33.000 мажи и речиси 56.000 жени.
– Oвие истражувања бараат дополнителна потврда во другите групи на испитаници и дополнително работење на разбирањето на механизмите со кои јогуртот може да влијае на здравјето на цревата – рекол Чан.
Сите тие имале направено ендоскопија помеѓу 1986. и 2012 година за да проверат дали имаат израстоци на нивните црева. На секои четири години тие, исто така, на истражувачите им давале извештај за својата исхрана и количината јогурт која ја консумирале.
Во текот на истражувањето, повеќе од 5.800 мажи развиле полипи на дебелото црево, како и повеќе од 8.100 жени. Абнормалниот раст, кој се нарекува и аденом, претходи на настанување на ракот.
Мажите кои консумирале јогурт двапати или повеќепати неделно имале 26 отсто помал ризик за развивање на вид аденом кој најверојатно ќе стане канцероген. Нивниот ризик за неканцерогени аденоми бил 19 отсто понизок, откриле истражувачите.
Меѓутоа, тимот на Чан не пронашол значителна врска помеѓу консумирањето на јогурт и намалување на ризикот од настанување аденом кај жените.