Позирала за насловната страница со неизбричени пазуви: Ја нападнаа со навредливи коментари ФОТО

Насловната со видливите влакненца предизвикала бурни реакции во јавноста и поделени мислења, а Хелси добила огромна поддршка од другите славни дами.

361
Halsey at The L.A. Troubadour

Хелси ги изненадила своите фанови со фотографија за насловната страница на најновиот број на култниот магазин „Ролинг стоун“ каде во прв план биле нејзините неизбричени пазуви.

Насловната со видливите влакненца предизвикала бурни реакции во јавноста и поделени мислења, а Хелси добила огромна поддршка од другите славни дами.

„На оваа фотографија има толку добри работи што не знам од каде би почнала“, коментирала Деми Ловато, додека пејачката Зара Ларсон на Твитер го изразила своето воодушевување од фактот дека „Ролинг стоун“ не ги фотошопирал нејзините пазуви, што е вообичаена пракса во магазините.

Ова не е првпат пејачката да ги покаже своите неизбричени пазуви во јавноста. Таа лани на Твитер објавила низа селфија на кои некои фанови ги коментирале токму влакната под пазувите, а еден особено ја изнервирал.

„Што е тоа?!“, напишал еден нејзин следбеник на Твитер и додал стикер на нејзината фотографија, точно под пазувот.

„Тоа е пазува со стикер над него. Не сум сигурна што уште би требало да објаснам?“, му одговорила Хелси и покажала дека знае како да се справува со критиките, но и дека не се грижи за наметнатите стандарди за убавина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...