Гардијан: Руски тролови шират дезинформации за обид за убиство на Борис Џонсон

123
Photo: EPA / ANDY RAIN

Интернет тролови поврзани со руските специјални служби рашириле во изминатите години на социјални мрежи лажни вести поврзани со различни настани во Велика Британија. Тоа се нагласува во експертски извештај на Атлантик каунсел специјализирани за анализи на дезинформации на интернет.

Според најфрапантните лажни вести е тврдењето дека противници на брегзит подготвуваат заговор за убиство на Борис Џонсон од Конзервативната партија и фаворит за трката за иден премиер на државата.

Друга лажна вест е за Сергеј и за Јулија Скрипал за кои се тврди дека е одговорна ИРА-вистинска, која според авторите на текстовите доставила во Солсбери „новичок“.

За ширењето на дезинформациите се користени околу 30 платформи на 9 јазици, објави Гардијан кои објавија делови од извештајот. Во анализата се додава дека троловите објавувале лажни твитови од име на видни политичари меѓу кои и британскиот министер за одбрана Гавин Вилијамс и американскиот сенатор Марко Рубио.

Photo: EPA / ANDY RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...