Иран: Санкциите против ајатолахот Хамнеи означуваат крај на дипломатијата

97

Одлуката на САД да воведат санкции за иранските лидери меѓу кои и за врховниот лидер на државата ајатолахот Али Хамнеи означуваат крај на диопломатијата меѓу Техеран и Вашингтон. Тоа го наглaси денеска портпаролот на иранското МНР, Абас Мусави.

Мусави објави на Твитер дека „воведувањето бескорисни санкции за иранскиот шеф и министер за надворешни работи (Мохамед Џавад Зариф) ја затвори целосно вратата за дипломатијата“.

„Администрациката на Трамп ги уништува меѓународните механизми за поддршка на светскиот мир и безбедност“, додава тој во пораката. Трамп вчера воведе нови санции за ирански лидери меѓу кои и за ајатолахот Хамнеи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...