Земјотрес со интензитет од 5,5 степени по Рихтер го погоди источниот дел на Јапонија утрово, објави јапонската Метеоролошка агенција.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на брегот на префектурата Чиба, во близина на главниот град Токио. Не е објавена тревога за цунами.
Земјотресот бил со јачина од 4 во јапонска скала, што се движи од 1 до 7 и се почувствувал во делови од централно Токио.
Засега нема извештаи за штети.