Епл ТВ плус – нов сериозен конкурент на Нетфликс

320

Новиот стриминг сервис Епл ТВ плус ќе биде пуштен во употреба за само неколку месеци, а како што стојат работите, тоа може сериозно да го разниша монополот на Нетфликс.

Содржината е клучна, па за таа цел, Епл ангажираше некои од најголемите холивудски ѕвезди – глумци, режисери и други профили од областа на забавата. Следи дел од новата понуда филмови и серии којашто доаѓа оваа есен…

„The Morning Show“ – ТВ сапуница за работата и личниот живот на неколкумина водители на утринска програма, со Џенифер Анистон, Риз Витерспун и Стив Карел во главните улоги.

„See“ – Научно-фантастична апокалиптична серија со Џејсон Момоа и Алфре Вудард.

„Little America“ – Приказна за странците кои се обидуваат да го живеат својот американски сон.

„Truth Be Told“ – Крими-трилер со Октавија Спенсер, Лизи Каплан и Арон Пол.

„Servant“ – Психолошка трилер-серија на режисерот продуцент М. Најт Шајамалан.

„Hala“ – Филм за тинејџерите муслимани во САД, на режисерката Минхал Баиг.

А, тука е и документарната серија на Опра Винфри и принцот Хари за психичкото здравје, која ќе се занимава со секојдневните проблеми на обичните луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...