Рохани: САД ги поттикнуваат тензиите на Блискиот Исток

72
Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска ги обвини САД за подгревање на тензиите во веќе и така проблематичниот регион на Блискиот Исток.

Рохани рече дека „интервенционистичкото воено присуство” на САД е одговорно за проблемите на Блискиот Исток.

Тој, исто така, ги критикуваше САД за, како што рече, упадот на американскиот дрон во иранскиот воздушен простор, кој Техеран го собори во четвртокот.

– Ова е чувствителен регион и е важен за многу земји, така што очекуваме соодветен одговор од меѓународните организации, рече Рохани на состанокот со претседателот на Интерпарламентарната унија, Габриел Куевас, во Техеран.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...