Мавританија: Победи кандидатот на владејачката партија, Газуани

42

Мохамед Оулд ел Газуани, кандидат на владејачката партија во Мавританија, прогласи победа на претседателските избори, бидејќи прелиминарните резултати покажуваат дека освоил повеќе од 50 отсто од гласовите.

Газуани е пензиониран генерал, кој беше министер за одбрана пред да биде избран за наследник на претседателот Мохамед Оулд Абдел Азиз, на кој Уставот му забранува трет мандат.

Вчерашните избори се првите во историјата на оваа слабо населена сахарска земја од прогласувањето на независност од Франција во 1960 година

Газуани во својата кампања зборуваше за неговите успеси во областа на безбедноста и борбата против исламистичките екстремисти.

Мавританија, умерена исламска република, граничи со Мали каде што се чести нападите на џихадистите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...